Stipe Majic
27 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа се забележани 1.413 нови случаи на заразување со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска извести дека бројот на активни случаи во Хрватска денес изнесува вкупно 11.311.
Меѓу нив, 897 пациенти се на болничко лекување, од кои 57 лица се поврзани на респиратор.
Во последните 24 часа од последиците на заразеност со коронавирусот починаа 18 лица.
Од февруари 2020, кога е забележан првиот случај на заразеност во Хрватска, досега детектирани се вкупно 38.621 лице заразени со Ковид-19, од кои 470 ги загубија животите. Досега оздравеа 26.840 лица, од кои 1.003 во последните 24 часа. Во моментов во самоизолација се 27.720 лица.
Во соопштението на Штабот за цивилна заштита на Хрватска се наведува дека досега се спроведени 457.726 тестирања, од кои 8.185 во последните 24 часа.