Vesna Besic
27 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
САРАЕВО
Во Босна и Херцеговина (БиХ) во последните 24 часа се потврдени 1.534 нови случаи на заразување со Ковид-19, додека од последиците починаа 20 лица, се наведува од ентитетските заводи за јавно здравје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите 24 часа, во Заводот за јавно здравство на Федерацијата на БиХ пријавени се 1.720 примероци, од кои 909 се позитивни на Ковид-19.
Нови случаи се регистрирани во сите кантони на Федерацијата БиХ. Досега се тестирани вкупно 196.308 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 27.649 лица.
Заклучно со денешниот ден, во Федерацијата БиХ излекувани се 18.567 пациенти, а во изминатите 24 часа излекувани се 275 пациенти. Моментално се активни 8.358 случаи позитивни на Ковид-19.
Во изминатите 24 часа, Заводот за јавно здравство на БиХ пријави 15 нови смртни случаи.
Со денешниот ден, вкупниот број смртни случаи на подрачјето на БиХ изнесува 824, и тоа 481 маж и 243 жени.
Во последните 24 часа во Република Српска (РС) е извршено тестирање на 1.417 лабораториски примероци, а Ковид-19 е потврден кај 625 лица.
„Стигнуваме до критична точка во однос на капацитетот на здравствените установи“, рече Јела Аќимовиќ, епидемиолог од РС Институт за јавно здравје, истакнувајќи дека 56 лица биле хоспитализирани во последните 24 часа.
Денес, вкупниот број хоспитализирани во РС е 498, во УКЦ на РС 199, а во другите општи болници се згрижени 299 лица.
Кога станува збор за новите случаи, се работи за 330 мажи и 295 жени, од кои 137 се помлади, 401 се на средна возраст и 87 се постари.
Во последните 24 часа пријавени се пет смртни случаи во РС Институт за јавно здравје, кај кои било потврдено присуство на новиот коронавирус. Станува збор за средовечни и постари мажи од Теслиќ, Бјелина (две лица), Угљевик и Бања Лука.
Досега во РС се потврдени 15.077 случаи на коронавирусот, а починаа вкупно 377 лица. Од новиот коронавирус досега закрепнаа вкупно 8.037 лица, а тестирани се вкупно 97.871 лице.
Во моментов, 8.259 лица се под медицински надзор, а на 67.516 лица им завршил надзорот.