Stipe Majic
22 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа се забележани 1.563 нови случаи на заразување со Ковид-19 и 13 починати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска соопшти дека вкупниот број на активни случаи во Хрватска денеска изнесува 7.380.
Меѓу нив 661 пациент се наоѓаат на болничко лекување, од кои на респиратор се 46 пациенти.
Во изминатото деноноќие починаа 13 заразени.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, до денеска евидентирани се вкупно 29.850 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 406 починаа. Оздравеа вкупно 22.064 лица, од кои 629 во последните 24 часа“, соопштија од Главниот штаб.
Во моментов, во самоизолација се 25.620 лица.
До денеска тестирани се вкупно 421.648 лица, од кои 6.874 во последните 24 часа.