Stipe Majic
19 Јануари 2021•Ажурирај: 19 Јануари 2021
ЗАГРЕБ
Централна Хрватска повторно се затресе утринава во 5 часот и 44 минути, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сеизмолошката служба јавува дека во 5.44 часот забележале приближно силен потрес со епицентар 10 километри североисточно од Глина.
Јачината на земјотресот беше 3,8 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот на V степен од скалата ЕМС.
Потресот се почуствува во Загреб и пошироката околина на епицентарот.