Besar Ademi
02 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, нејзината посета на Република Македонија ја започна со средба со претставници на невладини организации. Потоа, Могерини ќе оствари средби и со лидерите на политичките претставници партии во Собранието Македонија, како и со претседателот Ѓорге Иванов, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини доаѓа во Македонија по средбите што ги имаше во Подгорица во рамките на својата балканска турнеја. Високиот претставник на ЕУ се очекуваше да ја посети и Босна и Херцеговина, но таму не отпатува поради маглата на аеродромот во Сараево.
Како што е најавено, утре Могерини ќе оди во Белград, каде што ќе се сретне со српскиот претседател Томислав Николиќ, премиерот Александар Вучиќ и другите политички лидери. Истиот ден, исто така, таа ќе ја посети Албанија, каде ќе се сретне со албанскиот претседател Бујар Нишани, премиерот Еди Рама, и други претставници на парламентарните партии.
Во сабота, Федерика Могерини ќе престојува во Косово, каде што во Приштина ќе се сретне со претседателот на Косово, Хашим Тачи, премиерот Иса Мустафа и со други политички претставници, а, исто така, ќе ја посети и Митровица.
По посетата на Западен Балкан, Федерика Могерини се очекува да подготви извештај за состојбата во регионот, кој потоа ќе биде разгледан во Советот за надворешни работи на ЕУ, а тоа ќе биде и тема на самитот на Советот закажан за 9 и 10 март.