Admir Fazlagic
12 Мај 2019•Ажурирај: 13 Мај 2019
СКОПЈЕ (АА) - Утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облчно и нестабилно, проследено со обилни врнежи од дожд, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известуваат дека под влијание на серија влажни бранови утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град", се вели во соопштението на Центарот за управување со кризи (ЦУК) на Северна Македонија.
Во соопштението се додава дека за ваквите временски услови ЦУК ги извести единиците на локалната самоуправа со цел да се стават на располагање расположливите ресурси и да се преземат превентивни мерки за да се спречи евентуално излевање на реките и акумулациите.
„Во случај на ризик или опасност предизвикани од временските услови, граѓаните да пријават на бесплатниот телефонски број 195, во Центарот за управување со кризи", соопштуваат од ЦУК.