Admir Fazlagic
21 Април 2017•Ажурирај: 21 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Утрово во Македонија преовладува студено време со тепмератури под нулата и со снег во Крушево и Маврово, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Лазарополе утрово е измерена најниска температура од минус 7 степени. Во Крушево и Маврово се измерени -5, во Берово -4, во Пожаране, Ѓуриште, Претор и Охрид -2, во Петровец и Битола -1, во Струмица, Тетово, Крива Паланка и Виница по 0, а Куманово и Штип 1, во Скопје и Демир Капија 2, во Дојран 4 и во Гевгелија 5 степени.
Како што соопшти УХМР, најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Маврово, каде се измерени два, а во Крушево и Охрид по еден литри на метар квадратен.
Во Крушево и Маврово изтринава во 8 часот е измерена снежна покривка од 1 и 3 сантиметри.
Се најавува дека времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен северозападен ветер, особено изразен долж Повардарието и источните делови на државата.
Во претпладневните часови во североисточните делови ќе има локален слаб снег. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 6 до 13 степени. Во Скопје, времето ќе биде слично, со засилен северозападен ветер и дневна температура до 10 степени.