Orhan Onur Gemici
10 Март 2020•Ажурирај: 11 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција, соопшти дека е депортиран странски терорист, државјанин на Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од турското министерство, продолжува депортирањето на странските терористички борци во нивните земји.
Во овој контекст, странски терористички борец од Северна Македонија е депортиран во неговата земја.