Балкан

Турски државјанин, припадник на ФЕТО, побарал политички азил во Грција

Турски државјанин за коj се истакнува дека е близок човек на Фетула Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО, побарал политички азил во Грција, заедно со својата сопруга

Mehmet Hatipoğlu  | 14.08.2019 - Обновена : 15.08.2019
Турски државјанин, припадник на ФЕТО, побарал политички азил во Грција

АТИНА (АА) - Турски државјанин, за коj се истакнува дека е близок човек на Фетула Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО, побарал политички азил во Грција заедно со неговата сопруга, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според грчкиот интернет сајт „vice.com.gr“, 29-годишното лице, коe престојува во Грција од март, поднело докази до грчките власти дека е човек од непосредна близина на ФЕТО, а исто така и дека е роднина на пучистот Адил Оксуз, таканаречениот „имам на ФЕТО во воздушните сили".

Лицето, чиј идентитет не е откриен, говорејќи за „vice.com.gr“, истакнало дека по неуспехот на обидот за пуч на ФЕТО на 15 јули 2016 година, заедно со својата сопруга, во 2018 година избегале во Северна Македонија, а потоа сметајќи дека за нив е побезбедно заминале за Грција.

- Интервју за барањето за азил

Истакнувајќи дека неговиот дедо и татко биле припадници на ФЕТО, лицето, чиј идентитет не се открива, рече дека е загрижено за неговиот живот и дека има видеоснимки од Бодрум во 2016 години, кои ќе ги достави на грчките власти.

Неименуваната личност, исто така, рече дека е благодарен на грчката Влада и нејзиниот народ поради нивното гостопримство.

Тој и неговата сопруга (26), наредните денови ќе бидат интервјуирани од Комисијата за азил во Солун.

- Се тврди дека пилот на Турските воздухопловни сили побарал „политички азил“

Од друга страна, грчкиот сајт за вести „newsbomb“ тврди дека турски државјанин, пилот во Турските воздухопловни сили, одејќи во полициската станица на островот Калимнос побарал политички азил во Грција.

Во веста се истакнува дека лицето од понеделникот било задржано во полициската станица.

Според податоците на грчките власти, во првите три месеци од 2019 година, 1.100 турски државјани побарале политички азил од Грција.

По обидот за пуч од ФЕТО на 15 јули 2016 година, бројот на турски државјани кои заминале во Грција и побарале азил е над 8000.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın