Балкан

Турската Црвена полумесечина организираше ифтар во Скопје

Во текот на месецот рамазан, Турската Црвена полумесечина, во Скопје и во другите градови низ Северна Македонија, ќе дистрибуира 1.500 пакети со храна за лицата кои имаат потреба.

Husamedin Gina  | 20.05.2019 - Обновена : 21.05.2019
Турската Црвена полумесечина организираше ифтар во Скопје

СКОПЈЕ (АА) – Турската Црвена полумесечина по повод Светскиот ден на сираците во Скопје организираше ифтар за 250 сираци и нивните семејства, јавува Anadolu Agency (AA).

На организацијата присуствуваа заменик-шефот на мисијата при Турската амбасада, Умут Љутфи Озтурк, заменик министерот за труд и социјална политика на Северна Македонија, Ѓонул Бајрактар, директорот на Институтот „Јунус Емре“, Скопје, Серхат Кула и директорот на Турската фондација „Маариф“ за Северна Македонија, Мустафа Дилиоглу. 

Членoт на надзорниот одбор на Централната канцеларија на Турската Црвена полумесечина Ердоган Кисаџик, во изјавата за АА истакна дека вечерва по повод Светскиот ден на сираците во Скопје организираат ифтар за 250 сираци и нивните семејства. 

Тој, исто така, нагласи дека во текот на месецот рамазан, Турската Црвена полумесечина, во Скопје и во другите градови низ Северна Македонија, ќе дистрибуира 1.500 пакети со храна за лицата кои имаат потреба. 

Кисаџик, истакнувајќи дека од Турција ги носи поздравите на претседателот Реџеп Таип Ердоган и претседателот на турската Црвена полумесечина, Керем Киник, рече дека во Скопје се чувствува исто како дома. 

„Се разбира, одлично е да се биде тука. Тука се чувствувам како да сум во својата родна земја. Како член на „Кизилај” (турската Црвена полумесечина) посетив многу земји, но тука воопшто не се чувствувам како странец. На секоја страна имаме пријатели Турци, тие зборуваат на турски јазик”, нагласи Кисаџик. 

Турската Црвена полумесечина ифтарски програми ќе организира и во другите градови низ Република Северна Македонија. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.