Rabia İclal Turan
08 Ноември 2018•Ажурирај: 09 Ноември 2018
ИЗМИР (АА) - Турската Црвена полумесечина од почетокот на Граѓанската војна во 2011 година, за Сирија има испратено 42.000 камиони со хуманитарна помош, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турската Црвена полумесечина има испратено околу 42.000 камиони со хуманитарна помош за Сирија од почетокот на војната, самостојно или во соработка со своите партнери“, изјави за АА, челникот на турската Црвена полумесечина, Крем Киник.
„Во овој период во регионот главно беа испратени храна, облека и засолништа. Секојдневниот живот започна да се нормализира по операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ и по прекинот на огнот во Идлиб“, изјави Киник.
„Турската Црвена полумесечина, исто така, ја поддржува меѓународната помош за 6,5 милиони внатрешно раселени лица во Сирија“, нагласи тој.
Киник изјави дека дневно речиси 25 камиони со хуманитарна помош се испраќани во Сирија.
„Турската Црвена полумесечина, исто така, врши операции и во други области, вклучувајќи унапредување на земјоделството, изградба на постојани живеалишта, здравствени и безбедносни услуги“, изјави шефот на групата.
Тој изјави дека операциите создаваат позитивна атмосфера во земјата погодена од војна, додавајќи:
„Оваа атмосфера стана поттик и охрабрување за оние кои од Турција се враќаат назад во Сирија“.
Организацијата, исто така, ги подобрува и условите во бегалските кампови и им служи на цивилите во здравствената нега.
„Болниците кои се воспоставени во Ал Баб и Кобанбеј, се подготвени за работа. Ние, исто така, работиме и на обезбедување на потребната крв“, изјави Киник.
„Турската Црвена полумесечина, исто така, работи и на тоа да ги заштити цивилите од ефектите од можната операција на источниот дел на реката Еуфрат“, изјави Киник.
Хуманитарната организација работи во 45 земји, вклучувајќи ги и Карибите.
Информирајќи дека во 2017 година турската Црвена полумесечина има помогнала на повеќе од 18 милиони лица, Киник истакна „До крајот на оваа година, нашата помош ќе биде доставена до речиси 30 милионилица“.