Eren Beksaç
15 Април 2021•Ажурирај: 16 Април 2021
СКЕНДЕРАЈ
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за време на месецот на постот, Рамазан, ќе додели помош од прехранбени и хигиенски производи за 2.300 семејства кои имаат потреба во Косово, јавува Агенција Анадолија (АА).
ТИКА во соработка со различни организации доделувањето на овие пакети го продолжи во косовската општина Скендерај, и го изврши пред зградата на Општината.
Градоначалникот на општината Скендерај, Беким Јашари, во изјава за новинарот на АА рече дека ТИКА од почетокот на дејствувањето во Косово, со Општина Скендерај имала прекрасни билатерални односи во повеќе области.
Јашари нагласи дека овие билатерални односи се очекува во иднина да се искачат на уште повисоко ниво.
Тој истакна дека упатуваат благодарност до ТИКА, до турскиот народ и турската држава за дадената помош за Косово.
„Се надевам дека двата братски народа уште повеќе ќе ја зголемат соработката“, рече тој.
Координаторот на ТИКА во Косово, Џихан Динчер, нагласи дека тие како турска држава и турски народ, како секогаш, и во овој Рамазан ќе стојат покрај братскиот косовски народ.
Доделувањето на хуманитарната помош започна во општините Скендерај, Мамуша, Вучитрн и Митровица, а во наредните денови ќе продолжи во општините Призрен и Драгаш.