Балкан

ТИКА и МАТУСИТЕБ организираа ифтар во Скопје

„Tурската заедница, како еден од суштинските елементи на Северна Македонија, ги прави исклучителни пријателските односи меѓу Туркије и Северна Македонија“, рече Фатих Улусој, амбасадор на Туркије во Скопје

Dzihat Aliju  | 27.03.2024 - Обновена : 27.03.2024
ТИКА и МАТУСИТЕБ организираа ифтар во Скопје Фото: Џихат Алију

СКОПЈЕ (АА) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Сојузот на турски невладини организации на Македонија (МАТУСИТЕБ) во Скопје организираа ифтар, известува Анадолу.

На ифтарската програма присуствуваа турскиот амбасадор во Скопје, Фатих Улусој, раководителот на Одделот за надворешни односи и партнерства на ТИКА, Угур Танјели, претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим, пратеници, претседатели на политички партии, претставници на турски институции и организации во земјата и други гости.

Во своето обраќање пред гостите на ифтарската програма, амбасадорот Улусој ги пренесе најискрените поздрави на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.

Посочувајќи дека турската заедница, како еден од суштинските елементи на Северна Македонија, ги прави исклучителни пријателските односи меѓу Туркије и Северна Македонија, амбасадорот Улусој рече:

„Иако се надвор од границите на Република Туркије, Турците од Северна Македонија, која зазема место во срцето на нашата географија, продолжуваат да ги поврзуваат нашите две земји како Камениот мост што ги поврзува двата брега на реката Вардар. Турците, кои отсекогаш биле елемент на стабилност и рамнотежа не само во Северна Македонија, туку и на целиот Балкан, со векови живееле во мир со Македонците, Албанците, Србите, Босанците, Ромите и другите етнички заедници на овие простори. Од тој аспект, Северна Македонија е пример не само за Балканот, туку и за светот. Ни претставува особено задоволство што и денес можеме да ја гледаме истата толеранција и волја за заеднички живот и желба за зачувување на културното богатство во Северна Македонија.“

Осврнувајќи се на заштитата и слободната употреба на мајчиниот јазик, амбасадорот Улусој рече дека образованието на турски јазик е уставно право во Северна Македонија и дека правото на образование на мајчин јазик, особено во основните и средните училишта, е од особено значење за турската заедница во земјава.

Амбасадорот Улусој истакна дека, како Туркије, доколку има барања од заедницата или од официјалните органи, подготвени се да направат сѐ што е потребно во тој поглед, заедно со Амбасадата, Министерството за национално образование на Туркије, Фондацијата Маариф, ТИКА и Институтот Јунус Емре.

Танјели, раководителот на Одделот за надворешни односи и партнерства на ТИКА, рече дека преку ТИКА, Туркије подава рака за помош на целиот свет преку своите 63 канцеларии во 61 земја и во текот на месецот на постот Рамазан, споделувајќи го бериќетот на Рамазан со илјадници пријатели, роднини и браќа.

Посочувајќи дека ТИКА не работи само во текот на месецот Рамазан, Танјели рече: „Со нашите одржливи, човечки ориентирани развојни проекти и активности, долги години спроведуваме проекти во пријателски и братски земји како што е Северна Македонија. Нашите проекти и активности со широк опсег, од образование до здравство, од развојот на земјоделството и сточарството до руралниот развој и развојот на административната и цивилната инфраструктура, ги зајакнуваат односите меѓу нашата земја и пријателските и братски земји.“

Нагласувајќи дека ТИКА спроведува проекти во Северна Македонија од 2005 година и информирајќи дека досега се имплементирани 1.200 проекти и активности во различни региони на Северна Македонија, допирајќи притоа до илјадници луѓе, Танјели истакна дека тоа придонело за зајакнување на силните врски меѓу Туркије и Северна Македонија.

Претседателот на МАТУСИТЕБ, Ибрахим, рече дека формирани 2003 година, функционираат како кровна организација во која денес членуваат 52 здруженија. Тој истакна дека со мисијата „Служба кон јавноста, служба кон Бога“, МАТУСИТЕБ има за цел да ги развива и прошири образованието, културата и уметноста на Турците во повеќе области, како што се историјата, културата, социологијата и фолклорот во земјава.

Изјавувајќи дека идентификувајќи ги потребите, спроведуваат активности за да ѝ излезат во пресрет на турската заедница во земјата, Ибрахим посочи:

„Нашите национални вредности се камен-темелник на нашиот идентитет. Причина за нашето постоење се вредностите како што се љубовта кон татковината, националното единство, солидарноста, правдата, братството, толеранцијата, правичноста и човековите права. Овие вредности се најважните елементи кои нѐ одржуваат заедно, нѐ прават силни и ни овозможуваат со надеж да гледаме кон иднината.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.