Bedrudin Brlyavac
04 Јули 2017•Ажурирај: 05 Јули 2017
САРАЕВО (AA) - Мунира Субашиќ, претседателката на Здружението „Мајки на Сребреница", откако денеска кадешто се наоѓаат просториите на здружението , недалеку од Поточари кај Сребреница, фрлен е камен на автомобил кој го користат „Мајки на Сребреница", за Anadolu Agency (AA) рече дека е жално ваквите инциденти да се случуваат иако поминало повеќе од 20 години од геноцидот во Сребреница.
„Вршевме некои подготовки, бидејќи имаме најава дека ќе дојде голем број невладини организации кои кај нас ќе престојуваат од 9 до 15 јули. Излегувајќи од центарот, нашиот возач стоеше кај автомобилот, наиде таксист, го отвори прозорецот, го фрли каменот и ја погоди вратата од автомобилот, после што избега", рече Субашиќ.
Истакна дека во наредниот период по судски пат ќе се обиде да се бори против ваквите напади на „Мајките на Сребреница".
„Ќе одиме по судски пат против ова. Жално е ова да се случува. Ова е кукавички напад на нас мајките. Ако имаше храброст, зошто не излезе од автомобилот. Не ни е жал за автобомобилот, тоа може да се надомести, но нападот на нас мајките не може лесно да се залечи. Ова е порака до сите мајки на Сребреница и сите муслимани тука во Сребреница", рече Субашиќ.
На крајот нагласи дека очекува пробосанските и пробошњачките политички партии како и властите на ентитетот Република Српска (РС) да го осудат овој инцидент.
Од Полициската станица во Сребреница наведоа дека е во тек истрагата во врска со овој инцидент.
Наредната седмица, во вторник, во Меморијалниот центар во Поточари ќе бидат погребани 70 жртви од геноцидот.