Mustafa Talha Öztürk
20 Ноември 2024•Ажурирај: 21 Ноември 2024
БЕЛГРАД (АА) – Група српски активисти се собра денес во Белград за да протестира против одлуката за уривање на Стариот савски мост изграден од нацистите за време на Втората светска војна, јавува Анадолу.
Групата вели дека мостот, кој е изграден во 1942 година, а на 1 ноември беше во план да биде урнат од страна на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, е историски бидејќи е стар приближно 100 години.
Активистите маршираа и до Бранковиот мост за да го блокираат сообраќајот откако имаше големо полициско присуство кај Стариот савски мост.
Враќајќи се на Стариот савски мост, групата ги повика сите да постават камп.
Полицијата го приведе лидерот на движењето „Тргни-промени“, Саво Манојловиќ.
Потоа тој е однесен во полициска станица каде што била повикана брза помош бидејќи имал одредени медицински проблеми, јавија локалните медиум. Подоцна Манојловиќ бил пренесен во Ургентниот центар.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека Манојловиќ е уапсен бидејќи се обидел да го пробие полицискиот кордон.
Тој рече дека полицијата нема да дозволи да се нарушува јавниот ред и порача дека ќе бидат приведени оние што се агресивни кон полицијата.
Утрово започна отстранувањето на трамвајските шини и асфалтот од Стариот савски мост.