политика, Балкан

Средба Николоски - Улусој: Турција значаен трговски партнер на Северна Македонија

На средбата потврдени се добрите билатерални односи меѓу двете земји како традиционалнo пријателски и значајни за двата народа

Elena Trenchevska Chekovic  | 26.12.2025 - Обновена : 26.12.2025
Средба Николоски - Улусој: Турција значаен трговски партнер на Северна Македонија Фото: Министерство за транспорт на РСМ

СКОПЈЕ (АА) - Вицепремиерот на Северна Македонија и министер за транспорт, Александар Николоски, денес оствари работна средба со амбасадорот на Турција во земјата, Фатих Улусој, пренесува Анадолу.

На средбата, како што соопшти Министерството за транспорт, потврдени се добрите билатерални односи меѓу Северна Македонија и Турција како традиционалнo пријателски и значајни за двата народа.

На средбата е разговарано и за инвестиционата политика на Владата, со фокус на планираните инфраструктурни проекти, и отворено е прашањето за унапредување на соработката во делот на транспортниот сектор.

Николоски од своја страна истакнал дека Турција е значаен трговски партнер на Северна Македонија, со потенцијал за зголемување на надворешнотрговската размена и со значаен број турски инвестиции во земјата.

Тој нагласил дека Владата во континуитет работи на унапредување на условите за инвестирање во земјата.

На средбата е разговарано и за актуелните состојби меѓу двете држави, цврстите меѓусебни врски и добрата соработка.

Вицепремиерот Николоски изразил благодарност за досегашната поддршка на Турција и ја нагласил потребата од интензивирање на меѓусебната соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.