Средба Ердоган - Османи-Садриу: Туркије ја продолжува поддршката на Косово
Ердоган и Вјоса Османи-Садриу разговараа за последните случувања во турско-косовските односи, регионалните и глобалните прашања, како и за нападите на Израел врз Палестина

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, на која истакна дека меѓународната заедница мора да дејствува обединето за да го гони Израел за неговите воени злосторства и дека Туркије продолжува со напорите да обезбеди траен прекин на огнот во регионот и испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Дирекцијата за комуникации при турското претседателство соопшти дека Ердоган и Османи-Садриу разговарале за последните случувања во турско-косовските односи, регионалните и глобалните прашања, како и за нападите на Израел врз Палестина.
„Претседателот Ердоган за време на состанокот истакна дека меѓународната заедница мора да дејствува обединето за гонење на Израел за неговите воени злосторства, и дека Туркије продолжува со напорите да обезбеди траен прекин на огнот во регионот и испорака на хуманитарна помош за Газа. Претседателот Ердоган рече дека Туркије ќе продолжи и ќе ја зголеми својата поддршка за меѓународното признавање на Косово и дека дијалогот претставува пат кон мирот и стабилноста во регионот“, се вели во соопштението на Дирекцијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.