Bojana Stojanovic
10 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
БЕЛГРАД (АА) - Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, во соработка со Безбедносно-информативната агенција, го уапсија М.З. (42) поради сомнение дека упатил закани кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и неговиот син Данило, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што се сомнева, М.З. синоќа се јавил во канцеларијата на владејачката Српска напредна партија во Белград и упатил закани до Вучиќ, неговиот син Данило и заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, соопшти српското Министерството за внатрешни работи.
На осомничениот одреден му е притвор од 48 часа, и со кривична пријава ќе биде изведен пред надлежното Обвинителство.