Husamedin Gina
12 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
СКОПЈЕ (АА) - Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, истакна дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение од Владата, премиерот Зоран Заев денеска имал телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.
За време на разговорот, со честитките за успешна 2021 година, изразени се и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.
Премиерката Ана Брнабиќ, како што се наведува во соопштението, го информирала премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји.