Senada Ibraimova
21 Март 2017•Ажурирај: 21 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) – Денес во 11:20 часот започна пролетта на северната хемисфера, а во исто време на јужната хемисфера започна есента. Времето во Македонија е сончево и топло со температура до 24 степени. Граѓаните кои имаа можност да излезат на прошетка, му се радуваат на овој убав ден, во парковите и мирните места со своите пријатели и семејства, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот пролетен ден, во Македонија ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 18 минути по полноќ, а ќе зајде во 10 часот и 16 минути.
Времето во Македонија е сончево и топло со температура до 24 степени. Граѓаните кои имаа можност да излезат на прошетка, му се радуваат на овој убав ден, во парковите и мирните места со своите пријатели и семејства.
Пролетта ќе трае 93 дена, односно до 21. Јуни 2017 година, до 6:24 часот