Admir Fazlagic
30 Декември 2020•Ажурирај: 01 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Советот на Град Скопје на денешната итна вонредна седница, донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалните земјотреси во Петриње и во Загреб во Хрватска, во кои има човечки жртви и се повредени повеќе лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, односно 2 милиона денари на градот Петриње и еден милион денари за градот Загреб, износ кој го доделуваме на сите градови за вакви и слични неприлики", соопшти Град Скопје.
Градоначалникот на седницата изјави дека Скопје е град на солидарноста и знае што значи помош по вакви катастрофи и затоа во кординација со сите советнички групи во Град Скопје е свикана вонредна седница на Советот за да им се додели помош на пријателите од Загреб и од Петриња.
Билансот на смртно страданите лица во вчерашниот земјотрес во Хрватска е зголемен на седум.
Разорниот земјотрес со епицентар кај Петриња, вчера напладне, се почувствува ширум Хрватска. Беше со јачина од 6,2 степени по Рихтер, соопшти Сеизмолошката служба.