Admir Fazlagic
19 Октомври 2018•Ажурирај: 20 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Со двотретинско мнозинство пратениците на Собранието на Република Македонија го усвоија предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, со тоа што 80 пратеници гласаа „за", а 39 „против", јавува Anadolu Agency (AA).
Веднаш по почнувањето на седницата координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев во процедурално обраќање побара гласањето да се врши поименично.
Неговото барање не го поддржа претседателот на Собранието Талат Џафери по што се пристапи кон гласање во кое 80 пратенци се изјаснија „за“ и немаше ниту еден „воздржан“ или „против“.
Потоа Данев со поддршка од 10 пратенци побара да се гласа поединечно по што се пристапи кон јавно гласање на кое се потврди претходното гласање.
Пред почетокот на продолжувањето на седницата за предлогот за пристапување кон уставни измени, генералниот секретар на опозицијата Игор Јанушев изјави дека на нивни пратеници им се нуделе „милиони евра за да гласаат против волјата на граѓаните на Македонија“.
ВМРО-ДПМНЕ го повика и јавното обвинителство за да ги испита овие случаи на како што рече тој „вршење отворен притисок врз пратеници“.
На обвинувањата на Јанушев, владејачката СДСМ одговори дека „сѐ е лага и дека за ваквите клевети ќе следува судски процес". Дебатата за пристапување кон уставните измени започна на 15 октомври (понеделник), а продолжи денеска по вчерашната пауза.
- Заев: Ова е историски ден за нашата земја
По гласањето со двотретинско мнозинство во Собранието на Република Македонија за пристапување кон уставните измени, премиерот Зоран Заев изјави дека „денеска е историски ден за Македонија".

„Со оваа историска одлука нашето пристапување во НАТО кое веќе е во тек ќе продолжи со зголемен интензитет и со јасен исход и процесот за членство во ЕУ ќе започне веќе следната година, го имаме датумот. Ова е историски момент", истакна Заев.
Во своето обраќање премиерот Заев рече дека му се заблагодарува на секој пратеник за оваа како што рече историска одлука.
Особена благодарност истакна до оние, како што рече, храбри пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција „кои го ставија интересот на државата и на граѓаните над партиските интереси и гласаа за и покрај непотребниот политички притисок од страна на нивното партиско раководство."
„Бидете сигурни дека како премиер јас останувам на зборот дека ќе ја гаантирам вашата сигурност и сигурноста на вашите земејства почитувани пратеници. Заедно ќе ги усогласиме амандманите на Уставот, заедно ќе работиме на помирувањето, простувањето и на националното обединување, бидејќи и тоа бара посветеност и одговорност. Паралелно со тој процес останува да се фокусираме на фокусирање неопходните реформи. Правото и правната држава се наша обврска", порача Заев и додаде дека има шанси овој процес да заврши со 120 гласа „за".
Прашан од новинарите за провесот на гласање и обезбедување на двотретнското мнозинство, премиерот Заев рече дека воделе трансперентен процес во кој било важно да има пријатна атмосфера, изразувајќи убедување дека е поголема бројката од 25 пратеници од опозицијата кои ќе се приклучат во понатамошниот процес.
За простувањето на пратениците за насилните настани од 27 април од минатата година, кога во Собранието на Република Македонија беа повредени пратеници и медумски работници, Заев рече дека пораката за простување е охрарувачка. Тој додаде дека тоа значи низ собраниски тела, да се формираат работни групи на кои ќе се најде начин за сеопшто национално помиување и простување.
Уставните измени се дел од Договорот за решавање на спорот за името, кој во јуни оваа година го потпишаа владите на Македонија и Грција во Преспа. Според договорот, Македонија треба да го промени своето име во Република Северна Македонија.
Потсетуваме, на 30 сепмтември во Македонија се одржа консултативен референдум. Излезноста на граѓаните со право на изјаснување изнесуваше 36,91 отсто, на кој „за" гласаа 91,46 отсто, а 5,65 отсто беа „против". За поминување на прагот на цензусот, беше потребно на референдумот да се изјаснат најмалку 50 отсто од вкупниот број граѓани со право на глас.