Zülfiya Yakup
20 Октомври 2018•Ажурирај: 20 Октомври 2018
ПРИШТИНА (АА) - Вториот ден од посетата на Косово, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, утрово се состана со премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот на Чавушоглу и Харадинај е одржан зад затворени врати и немаше изјави за медиумите. Чавушоглу денеска во Приштина ќе се состане и со претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели.
Вчера попладне, турскиот министер прво се сретна со министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, со кого одржа и прес-конференција за новинарите, а потоа беше примен и од претседателот на Косово, Хашим Тачи.
Во оваа пригода, Чавушоглу ја пренесе поддршката на Турција во сите процеси и предизвици низ кои минува Косово, нагласувајќи ја поддршката во дијалогот Косово - Србија и во гласањето за членство на Косово во ИНТЕРПОЛ наредниот месец.
За денеска е предвидено министерот Чавушоглу да го посети градот Призрен.