Aylin Sırıklı,Ferdi Türkten
05 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Уставниот суд на Турција, Зухту Арслан, зборуваше на церемонијата по повод инаугурацијата на новоизбраните членови Раџеи Акјел и Јусуф Шефки Хакјемез, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата на која учествуваа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим и Кемал Киличдароглу, претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП), претседателот на Уставниот суд Арслан рече: „Нема никакво оправдување за државните удари и за обидите за државен удар. Никој, и ниту една институција, поради законска, секуларна или верска идеологија на може да го оправда пучот. Во Турција, заштитник на уставната демократија е народот“.
Претседателот на Уставниот суд, Арслан, истакна:
„Не постои устав што ќе остане рамнодушен на активностите коишто имаат за цел да го укинат демократскиот уставен поредок во државата. Во речиси сите модерни демократски устави, во такви ситуации му даваат право на раководството на вонредната состојба, со цел да не се загубат основните уставни права и независноста. Затоа, во основата на сите режими на вонредна состојба стои поимот ‘обврска’. Несомнено е дека решавањето на големите закани по сопственоста на државата и народот добиваат форма на обврска“.
- „Вонредната состојба не значи состојба на беззаконие“ -
Понатаму, во својата изјава Арслан вели: „Чуството за процедура од страна на демократското раководство на вонредната состојба, не го отфрла Уставот во целост, и не создава ситуација во која основните права и слободи не можат да се користат. На тој начин, вонредната состојба е правно регулирана во Уставот и детално се одредени границите на делување на основните права и слободи во ситуација на вонредна состојба“.
- „Најдобар одговор на обидот за државен удар од 15 јули е донесување на демократски Устав“ -
Претседателот на Уставниот суд на Турција, Арслан, во врска со обидот за државен удар рече: „Најдобар одговор на обидот за државен удар на 15 јули е изработка на еден нов Устав, исполнет со демократски права и слободи. Треба целосно да се отстрани концептот што ги поддржува државните удари и обидите за државен удар, и да се усвои нов Устав кој ја прогласува нацијата за политички субјект. Устав во кој човековите права во сите државни институции и сите државни правила се темелат врз начелата на правна и демократска држава. Затоа, со донесување на еден нов Устав, сите ние го враќаме нашиот долг кон загинатите херои и воените ветерани од 15 јули“.