Samir Kajoševic
30 Август 2020•Ажурирај: 31 Август 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора утрово во седум часот се отворени гласачките места за парламентарните и локалните избори во Будва, Котор, Тиват, Андријевица и Гусиње, јавува Агенција Анадолија (АА).
Граѓаните ќе гласаат од 07 до 20 часот, а гласачкото право во Црна Гора имаат 540.026 граѓани. Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК, во Црна Гора има 1.217 гласачки места.
Парламентарните избори ќе бидат единаесетти од вовдеување на повеќепартискиот систем во Црна Гора, а петти по обновата на независноста.
На парламентарните избори учествуваат 11 изборни листи, од кои шест коалиции и пет политички партии.
Парламентарните избори ги набљудуваат 2.089 набљудувачи, од кои 265 странски.