Vesna Besic
30 Август 2020•Ажурирај: 31 Август 2020
САРАЕВО
По повод Меѓународниот ден на исчезнатите лица, кој се одбележува денес, од Здружението на жртвите и сведоците на геноцидот потсетуваат дека „иако поминало 25 години од завршувањето на војната во Босна и Херцеговина семејствата на жртвите и понатаму трагаат за повеќе од 7.500 свои членови", пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ги повикуваме надлежните прашањето на исчезнатите лица да стане приоритет во нивнатаработа, а поединците кои имаат информации за гробниците да ги споделат со надлежните институции или здруженија на жртвите. Секоја точна информација за исчезнатите убиени е од големо значење. Бидете храбри и помогнете им на семејствата да ги пронајдат своите најмили", соопштено е од Здружението на жртвите и сведоците на геноцидот.
Потсетија дека во текот на агресијата на Босна и Херцеговина исчезнале околу 35.000 лица.
Меѓународниот ден на исчезнати лица, 30 август, кој го прогласија Обединетите нации, има посебно значење за Босна и Херцеговина. Во војната од 1992 до 1995 година во БиХ исчезнале околу 35.000 лица, а денес, две децении по војната, се трага за повеќе од 7.500 лица.