Kayhan Gül,Barış Seçkin
06 Јуни 2020•Ажурирано: 08 Јуни 2020
ЉУБЉАНА
Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, најави дека ова земја ќе ја отвори границата со Италија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Границата е затворена поради ширењето на коронавирусот, а словенечкиот шеф на дипломатијата по состанокот во Љубљана со неговиот италијански колега Луиџи Ди Мајо, рече дека ја следат епидемиолошката ситуација во врска со коронаврусот во Италија.
Логар рече дека кризниот штаб би требало да даде „зелено светло" и дека таа влада може да донесе таква одлука. Оптимистичен е дека границата повторно би можела да се отвори веќе на 15 јуни.
Нагласувајќи дека Италија е важен сосед и клучен економски партнер за Словенија, Логар изјави дека политичките односи на двете земји се на високо ниво.
Ди Мајо, кој по епидемијата ги продолжи дипломатските контакти во Европската унија (ЕУ) поради отворање на границите и мобилизација на туризмот, за време на посетата на Словенија се заблагодари на словенечкиот колега на укажаниот оптимизам во поглед на повторното отворање на границите.
„Тоа е многу важно за продолжувањето на туристичкиот сектор, што е од витално значење за многумина наши граѓани, како и за двете држави", рече Мајо кој на 9 јуни ќе ја посети и Грција.