Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 125 нови случаи на Ковид-19, вкупно 2.915

Во изминатите 24 часа регистирани се два смртни случаја од Ковид-19, со што вкупниот биланс на смртни случаи од вирусот се зголеми на 151

Husamedin Gina  | 06.06.2020 - Обновена : 07.06.2020
Северна Македонија: Регистрирани 125 нови случаи на Ковид-19, вкупно 2.915

СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 125 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 2.915, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изминатите 24 часа регистирани се два смртни случаја од Ковид-19, со што вкупниот биланс на смртни случаи од вирусот се зголеми на 151.

Според соопштението на Министерството, денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 8 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова, бројката на оздравени пациенти изнесува 1.640, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.124.

Министерството за здравство информира и дека во последните 24 часа се направени 1.085 тестирања на Ковид-19, додека досега во земјата се реализирани вкупно 35.471 тестирања за овој вирус.

Поради зголемениот број на новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјата, Владата на Северна Македонија согласно препораките на Комисијата за заразни болести на 3 јуни донесе одлука за враќање на полицискиот час.

Забраната за движење стапи во сила од 4 јуни од 21:00 часот, до понеделник (8 јуни) до 5:00 часот наутро, во Скопје – сите скопски општини, потоа во општините Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Во сите други градови, во петок, сабота и недела полицискиот час почнува од 16:00 часот и ќе трае до следниот ден до 5:00 часот наутро.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 30 мај, објави дека донесол одлука за продолжување на вонредната состојба во траење од 14 дена. Вонредната состојба во земјата беше воведена на 18 март во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.