Andelija Stojkovic
06 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
БЕЛГРАД
Во последните 24 часа во Србија се потврдени 74 новозарзени од коронавирусот (Ковид-19), а едно лице почина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Србија наведе дека во последните 24 часа се тестирани 3.124 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 437, додека 14 лица се на респиратори.
Вкупниот број на починати изнесува 248, а процентот на смртност е 2,11 отсто.
Бројот на излекувани е 11.056.
Од почетокот на епидемијата во Србија се тестирани 269.185 лица, а вирусот е потврден кај 11.741 лице.