Балкан, Коронавирус

Косово: Се укинува полицискиот час и обврската за самоизолација

Министерот Арменд Земај соопшти дека од 8 јуни ќе биде укинато ограничувањето на движењето на граѓаните на Косово, како и мерка на седумдневна изолација за лицата кои влегуваат на територијата на Косово кои немаат негативен тест на Ковид-19.

Zylfije Adem Jakupi  | 06.06.2020 - Обновена : 07.06.2020
Косово: Се укинува полицискиот час и обврската за самоизолација ( Foto: Arhiva / AA )

ПРИШТИНА 

Министерството за здравство на Косово од понеделнк продолжува со ублажувањето на мерките воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот (Ковид-19), при што движењето на граѓаните ќе биде без било какви временски ограничувања (полициски час), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за здравје Арменд Земај соопшти дека на препорака на Националниот институт за јавно здравје на Косово од понеделник, 8 јуни, ќе биде укинато временското ограничување на движењето на граѓаните на Косово. Граѓаниет имаа ограничување за движење од 21 час навечер до 5 часот наутро.

Министерот Арменд Земај соопшти дека од понеделник, 8 јуни, ќе биде укинато ограничувањето на движењето на граѓаните на Косово, како и мерка на седумдневна изолација за лицата кои влегуваат на територијата на Косово кои немаат негативен тест на Ковид-19.

Земај наведе дека Владата на Косово сака да овозможи полна слобода на движење на граѓаните и стоката посебно со Албанија и за граѓаните на општините во Прешевската долина.

На граничните премини ќе се вршат лекарски прегледи за сите лица кои ќе влезат на територијата на Косово, а ќе им бидат земени детални податоци, како што се адреса на престој, број на телефон и друго.

Од граѓаните се бара и понатаму да ги почитуваат мерките против коронавирусот (Ковид-19), да се носат маски и да се одржува физичка дистанца.

„Силно бараме да се почитуваат мерките против коронавирусот, да се носат маски и да се одржува дистанца. Ги молиме граѓаните, претпријатијата, гастрономијата, стриктно да се придржуваат до нашите правила. Кршењето на правилата се смета за здравјствен ризик", рече Земај.

Косово на 1 јуну по два и пол месеци, ги отвори граничните премини Мердаде, Врмница, Кула, Елезов Хан, Јариње и Бела земја. Исто така, отворени се градинките, рестораните и сите угостителски објекти, трговски центри и такси службите, а дозволени се некои училишни и универзитетски активности.

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје на Косово, во оваа земја моментално има 252 активни случаи на Ковид-19. Досега вкупно се регистрирани 1.158 позитивни на Ковид-19, од кои 876 се излекувани, додека се регистрирани 30 смртни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın