Admir Fazlagic
02 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
СКОПЈЕ (AA) - Утрово во седум часот во Конзуларното одделение при Амбасадата на Србија во Скопје, отворено е избирачко место каде граѓаните ќе го бираат новиот претседател, јавува Anadolu Agency (AA).
Љиљана Танасијевиќ, конзул во Амбасадата на Србија во Скопје и претседател на изборнот одбор во изјава за АА рече дека бирачкото место во Конзуларнто одделение на Амбасадата на Србија во Скопје е отворено на време каде граѓаните ќе имаат можност да го остварат своето гласачко право.
Овде се пријавени 141 гласач за гласање во Амбасадата во Скопје и првиот гласач веќе гласаше. Изборното место е отворено до 20 часот", изјави Танасијевиќ.
На изборите за претседател на Србија на 8.396 изборни места ќе гласаат 6.724.949 граѓани. Граѓаните ќе гласаат и на Косово каде на 90 изборни места своето граѓанско право ќе го извршат 105.929 гласачи.
Право на глас ќе има и дијаспората која ќе гласа на 53 гласачки места во 32. земји од светот. Право на глас ќе имаат 11.590 гласачи. Имено, од 7 до 20 часот ќе се гласа во Австрија, Белгија, БиХ, Грција, Италија, Јужноафриканска Република, Катар, Кина, Либан, Македонија, БиХ, Малта, Унгарија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Турција, Обединети Арамски Емирати, Финска, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чечка, Швајцарија и Шведска.
Во трката за претседател на Србија се наоѓаат 11 кандидати.
Изборите за претседател на Република Србија се одржуваат на секои пет години, колку што според Уставот на Република Србија трае мандатот на претседателот на Србија. Освен овие редовни, можни се и вонредни претседателски избори, кои се спроведуваат кога претседателот е спречен да ја извршува таа должност или кога мандатот му престанува пред истекнување на времето на кое е избран.
Изборниот процес ќе го следат вкупно 1.955 домашни набљудувачки од четири здруженија и 126 странски набљудувачки од 25 организации, изборни комисии и амбасади.