Балкан

Силна бура ги погоди Мостар и Херцеговина

Силната бура ги крши стеблата, го блокира сообраќајот и ги корне фасадите од зградите.

Gordana Simovic  | 23.02.2019 - Обновена : 24.02.2019
Силна бура ги погоди Мостар и Херцеговина

МОСТАР (AA) - Силна бура која ги крши стеблата и го блокира сообраќајот, го погоди Мостар, нанесувајќи голема материјална штета и отежнато функцонирање на градот, јавува Anadolu Agency (AA).

Дека ситуацијата во Мостар е многу тешка на сите подрачја на градот се увери екипата на АА која ги забележа последиците од орканската бура, која не престанува.

Скршените стебла кои го блокираа сообраќајот видливи се во сите делови од градот и нанесуваат огромна материјална штета.

Сршениот бор го попречува патот преку големите скалила кои се наоѓаат кај стадионот „Под Белиот брег“.

Силниот ветер скрши голем број реклами, сателитски антени, предизвика проблем во сообраќајот, а расфрла и маси од терасите на угостителските објекти каде што во текот на вчерашниот ден се уживаше во кафе на сонце.

Драматичен е изгледот и на популарниот центар „Рондо“, каде што се искршени боровите и во улицата „Кнез Вишеслав“, каде што голем даб платан, при паѓањето скрши ограда.

Многу граѓани на улиците се само дел од показателите на штетата која ќе се утврдува во наредните денови во градот на Неретва.

И во останатите делови на Херцеговина бурата предизвика голем број проблеми. Алармантна е состојбата во Требињскиот регион.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın