Dzihat Aliju
20 Јули 2021•Ажурирај: 21 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Здружението за култура, помош и образование „Енсар“ со седиште во главниот град на Северна Македонија, во соработка со хуманитарната фондација ИХХ, Здружението „Садакаташи“ и Фондацијата на Турците од Румелија, организираше колење курбани по повод Курбан бајрам, јавува Агенција Анадолија (АА).
Секретарот на Здружението „Енсар“, Муаз Кадри, во изјавата за новинарите рече дека од нивното основање тие редовно вршат колење курбани, а оваа година нивното мото е „Нека најдат живот вашите курбани“.
Тој нагласи дека во соработка со организациите оваа година ќе се изврши колење на 55 грла крупен добиток, односно крави или бикови, од кои 17 од Фондацијата на Турците од Румелија; 7 од ИХХ; 7 од Садакаташи; додека останатите 24 други се од членови на „Енсар“, од еснафот на Скопската чаршија и од добротворци.
„Вкупно ќе дистрибуираме во 11 региони. Ќе стигнеме до околу 2.200 семејства“, рече тој.
Во меѓувреме, уметникот Али Нури Туркоглу, кој играше во серијата „Payitaht Abdülhamid“ (Главен град Абдулхамид) и е волонтер на Здружението „Садакаташи“, изјави дека Здружението ќе дистрибуира над 20 илјади курбани во 32 земји низ светот, вклучувајќи ја и Турција.
„Донесовме честитки од Истанбул. Вакви активности во моментов се случуваат во Африка, Кипар, Мозамбик“, рече тој, истакнувајќи дека волонтерите им помагаат на своите браќа наместо да бидат во своите домови за празникот Бајрам.
Членот на Одборот на Здружението „Садакаташи“, Јакуп Окзуз, од своја страна изрази задоволство од распределбата на курбанското месо за нивните браќа.
Хамдулах Ашар, претседателот на ИХХ за градот Мадин, рече дека курбанското месо ќе им биде дадено на семејства што се претходно утврдени.
Во колењето на курбаните учествуваше и Ибрахим Чалишкан во име на Управниот одбор на Фондацијата на Турците од Румелија.
- Што претставува Курбанот?
Празнувањето на Курбан бајрам започнува со бајрамската молитва во раните утрински часови во џамија, продолжува со колењето на курбаните за тие што имаат можност и со посета на блиските, роднините, комшиите и пријателите.
Карактеристично за празникот Курбан бајрам е принесувањето жртва – курбан, кој има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите што имаат можност за тоа. Оние што принеле жртва, потоа од месото раздаваат на сиромашните, соседите и на роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да ја извршат петтата верска обврска (должност) на секој муслиман – аџилакот.
Колењето на курбаните треба да се изврши на начин на кој животните треба да се третираат добро, да не се измачуваат и да се зачува чистотата на околината.