Admir Fazlagic
29 Октомври 2020•Ажурирано: 30 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 862 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 29.558, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици на Ковид-19 починати се 14 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи од овој вирус се искачи на 977.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 223 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пацинети од овој вирус во земјата изнесува 19.994.
Досега во земјата се направени вкупно 243.357 тестирања на Ковид -19, а Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања.