Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 490 нови случаи и 11 починати од Ковид-19

Институтот за јавно здравје регистрира 201 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 185.660

Elena Trenchevska Chekovic  | 21.10.2021 - Обновена : 22.10.2021
Северна Македонија: Регистрирани 490 нови случаи и 11 починати од Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 490 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 198.646, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во истиот период пријавени се 11 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19, пријавени се уште 3 починати лица со датум на смрт од 13. до 19.10.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.012.

Институтот за јавно здравје регистрира 201 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 185.660.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.974.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.073 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.354.533 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.