Ekip
13 Март 2019•Ажурирај: 14 Март 2019
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Агенцијата за цивилно воздухопловство соопшти дека од денес е на сила забрана за слетување и полетување на воздухопловите „Boeing 737-MAX 8“ и „Boeing 737- MAX 9“, а како причина за забраната се наведува истрагата која се води во врска со овие типови на авиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Од денес e на сила забраната за слетување и полетување на воздухопловите „Boeing 737- MAX 8“ и „Boeing 737-MAX 9“, како и надлетување над воздушниот простор над државата. Забраната следи како мерка на претпазливост“, соопштија од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Северна Македонија.
Албанија се приклучи на одлуката на Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА), со која се забрануваат воздухопловите „Boeing 737-8 и 737-9 MAX" во албанскиот воздушен простор.
Управата за цивилно воздухопловство на Република Албанија (ААК) официјално потврди дека оваа институција ја донесе оваа одлука по несреќата со несреќа на авионот „Boeing 737 Макс 8" на Етиопијан ерлајнс.
Авторитетот на цивилно воздухопловство на Косово соопшти дека привремено ги забрани сите летови на авионите „Boeing 737-8 MAX и Boeing 738-9 MAX преку воздушниот простор на Косово.
Станува збор за тип на авион кој во изминатите пет месеци дури двапати се урна, при што загинаа вкупно повеќе од 300 лица.
Слична одлука утринава соопштија и властите на Турција, Индија и Казахстан, а претходно тоа го сторија и Европската Унија, Кина и голем број земји низ светот.
Приземјувањето на авионите на „Boeing“ од типот „737 Max 8“ следуваше по авионската несреќа во Етиопија во неделата, во која загинаа 157 патници и членови на посадата. Во ноември истиот модел се сруши во слична несреќа во Индонезија.
Иако САД порачаа дека е сигурно да се користат авионите на „Boeing“, голем број земји веќе ги запреа летовите на авионите „Boeing 737-8 MAX“ и „Boeing 737-9 MAX“, напоменувајќи дека сакаат да ги проверат безбедносните ризици поврзани со користењето на овие модели на авиони.