Admir Fazlagic
30 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 365 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 152.367, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период пријавени се 37 починати лицa, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.855.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 594 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 132.765.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 14.747.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.820 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 721.446 тестирања.