Admir Fazlagic
07 Март 2021•Ажурирај: 08 Март 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 333 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 107.163, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 10 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.195.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 333 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 94.275.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 9.239.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.259 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 543.254 тестирања.