Admir Fazlagic
30 Јануари 2021•Ажурирај: 31 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 325 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 92.518, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа седум лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.848.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 479 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 81.316.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 8.354.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.589 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 454.608 тестирање.