Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 141 нов случај на Ковид-19, почина едно лице

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравен пациент од Ковид-19. Бројката на оздравени пациенти од Ковид-19 во земјата се искачи на 8.248.

Oktaj Omeragikj  | 11.08.2020 - Обновена : 12.08.2020
Северна Македонија: Регистрирани 141 нов случај на Ковид-19, почина едно лице

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 141 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи на зараза со овој вирус во земјата се искачи на 12.083, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека едно лице починало од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 529.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова бројката на оздравени пациенти од Ковид-19 во земјата изнесува 8.248.

Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.306.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на тестирања за овој вирус во земјата изнесува 117.475.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın