Husamedin Gina
05 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) – Во Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани се 127 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата се искачи на 14.998, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починати се уште пет лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 614.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 12.149.
Во моментот активни се 2.235 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.574 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 156.522 тестирања за Ковид-19.