Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 112 нови случаи и 12 починати од Ковид-19

Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 171.375

Ekipa  | 27.09.2021 - Обновена : 28.09.2021
Северна Македонија: Регистрирани 112 нови случаи и 12 починати од Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 112 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 189.999, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во истиот период пријавени се 12 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза Ковид-19, пријавено е уште едно лице, со датум на смрт на 25.09.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.607.

Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 171.375.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 12.017.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.726 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.279.154 тестирања.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.