Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 1.112 нови случаи на Ковид-19, починати 24 лица

Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 во последното деноноќие се починати 24 лица, а вкупната бројка на починати во земјата од последиците на овој вирус изнесува 1.511.

Admir Fazlagic  | 22.11.2020 - Обновена : 23.11.2020
Северна Македонија: Регистрирани 1.112 нови случаи на Ковид-19, починати 24 лица

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 1.112 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи на овој вирус во земјата се искачи на 54.743, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 во последното деноноќие се починати 24 лица, а вкупната бројка на починати во земјата од последиците на овој вирус изнесува 1.511.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени лица од овој вирус во земјата се искачи на 32.366.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 20.866.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.553 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 312.143 тестирања на овој вирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın