Admir Fazlagic
13 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Репубика Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 1.064 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 44.898, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последиците на Ковид-19 починати се 25 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од Ковид-19 се искачи на 1.263.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 507 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјата изнесува 26.289.
Бројот на активни случаи изнесува 17.346.
Досега во земјата се направени вкупно 286.181 тестирања на Ковид -19. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.096 тестирања.