Furkan Abdula
09 Октомври 2020•Ажурирај: 11 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани се рекордни 386 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 20.163, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на земјата информира дека починале уште 6 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 781.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 16.009.
Во моментот активни се 3.373 случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.267 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 203.779 тестирања за Ковид-19.