Admir Fazlagic
16 Октомври 2020•Ажурирај: 17 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 438 случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 22.607, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати шест лица од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на смртните случаи од овој вирус во земјата се искачи на 821.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 191 оздравени пациенти од Ковид-19 , а вкупната бројка на оздравени од овој вирус изнесува 16.949.
Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 4.837.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.306 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 216.541 тестирања на овој вирус.