Husamedin Gina
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
СКОПЈЕ (АА) – Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 131 нов случаj на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 14.293, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека како последица на вирусот починале 6 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 се искачи на 596.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 11.014.
Во моментот активни се 2.683 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени se 1.297 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 147.002 тестирања за Ковид-19.