Furkan Abdula
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 25 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 1.817, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починале уште 3 пациенти што имале Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 104.
Исто така соопштено е дека се регистрирани 8 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројот на оздравени пациенти во земјата се искачи на 1.301.
Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 412.
Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања за Ковид-19, а вкупно досега се спроведени 21.722 тестирања.
Инаку, полицискиот час во земјата трае секој ден од 19:00 до 5:00 часот.