Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Потврдени 178 нови случаи на Ковид-19, починати четири лица

Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие починаа четири лица, претходно заразени со Ковид-19, со што бројката на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 693.

Admir Fazlagic  | 20.09.2020 - Обновена : 21.09.2020
Северна Македонија: Потврдени 178 нови случаи на Ковид-19, починати четири лица ( Фото: Архива / АА )

СКОПЈЕ 

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 178 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 16.735, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие починаа четири лица, претходно заразени со Ковид-19, со што бројката на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 693.

Институтот за јавно здравје на информира дека се регистрирани 71 оздравени пациенти, со што бројката на оздравени пациенти изнесува 13.863.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.179.

Досега во земјата се направени вкупно 175.465 тестирања на Ковид -19, од кои 1.368 во последните 24 часа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın