Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Пет починати, регистрирани 35 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 5 смртни случаи од вирусот, со што билансот на починати од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 131

Ekipa  | 30.05.2020 - Обновена : 30.05.2020
Северна Македонија: Пет починати, регистрирани 35 новозаразени со Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија, во последните 24 часа потврдени се 35 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата изнесува 2.164, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 5 смртни случаи од вирусот, со што билансот на починати од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 131.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 19 оздравени пациенти, со што вкупниот број на излекувани пациенти се зголеми на 1.535.

Во моментот бројот на активни случаи со вирусот во земјата изнесува 498.

Во последните 24 часа направени се 1.120 тестирања, додека досега во Северна Македонија реализирани се вкупно 28.804 тестирања на Ковид -19.

Северна Македонија започна со олабавување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, а во вторникот беше целосно укинат полицискиот час.

Денес, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ја продолжи за уште 14 дена вонредната состојба, што беше воведена на 18 март во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот во земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.